Search

Сиригу: Пандев не открива ништо за Македонија пред бараж-дуелот со Италија

Италија и Македонија ќе играат во полуфиналниот мундијалски бараж од групата Ц во евро-зоната за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Катар. Победникот од оваа пресметка во финалето за една од трите преостанати европски-мундијалски визи го чека уште еден дуел со подобриот од Португалија – Турција.

Донеодамнешниот капитен на македонската репрезентација, играч со најмногу настапи во државниот дрес и прв стрелец меѓу „црвено-жолтите“ Горан Пандев кој ја игра својата последна играчка сезона во Џенова, има соиграч, Салваторе Сиригу кој ќе биде дел од италијанската репрезентација на овој меч. Голманот Сиригу на новинарско прашање дали разговарал со Пандев за баражот Италија – Македонија кој ќе се игра на 25 март идната година возврати:

-Тој натпревар ќе биде голем предизвик за Италија. Разговарав со Пандев, но не сакаше да ми помогне, не ми одговори ништо !

 

Треба да знаете
Последни објави