Search

Силјаноска Давкова: Оваа македонска пролет ќе биде позната не само по невообичаената кампања, туку и по реформите

Силјаноска Давкова: Оваа македонска пролет ќе биде позната не само по невообичаената кампања, туку и по реформите

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова вечерва од Битола порача дека нашата држава треба да се реформира во секој поглед, бидејќи во моментов не е пристојно место за живеење.

-Македонија не е во моментов пристојно место за живеење, Македонија мора да се реформира во секој поглед. Реформите треба да почнат од оние најгоре. Мислам дека сме имале и се уште имаме сериозна криза на лидерство дека во Македонија. На највисоките позиции не се луѓе кои знаат, кои умеат, стручни и компетентни со интегритет и дигнитет. Но верувам дека оваа македонска пролет ќе биде позната, не само како што велат, по за прв пат невообичаената кампања, туку и по реформите, истакна Силјаноска Давкова.

Посочи дека и е чест што е меѓу Битолчанки и Битолчани и изрази благодарност, како што рече, за начинот на кој тие гласаа.

-Вечерва кога гледам на ова студено време во колкав број се дојдени, особено жените. Имам чувство дека ми веруваат, но пак јас имам и сопствено чувство дека со нив можам да го реализирам она што го ветив, додаде таа.

Во кампањата, како што посочи Силјаноска Давкова, се однесувала не само женски, туку и фер, витешки и тоа ќе го направи и последниве денови.

Според неа, кога имате аргументи и верувате во она што сте го напишале, тогаш нема проблем и да го браните.

-Што и да се случи на 5-ти мај, а јас мислам дека знам, интиуцијата ми говори што ќе се случи. Да ги видам најгорливите проблеми непосредно, не е многу весело она што се случува на пат и до солзи ме доведуваа ситуациите, состојбите, приказните на луѓето кои ги слушав од различни категории. Македонија не е во моментов пристојно место за живеење и мора да се реформира во секој поглед, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Треба да знаете
Последни објави