Search

Силекс го „преплива“ Вардар во судиското продолжение

Некогашните фудбалски шампиони на Македонија, Вардар и Силекс, сега второлигаши во дербито од 11. коло од западната група режираа неизвесен натпреавр до последниот судиски свиреж, кој го добија гостите од Кратово. Лидерот Силекс со погодок во 91 минута го „преплива“ Вардар (1:2). Победничкиот погодот за кратовскиот лигаш во 91 минута беше дело на Благоја Спиркоски, по што Силекс од коло во коло е се подалеку од конкурентите за првото место и враќање во прволигашката конкуренција по само една сезона мината во Втората лига. Вардар не ја искористи предноста на домашниот терен и можноста да се пробие до втората позиција која води во разигрувањето за прволигашки статус.

Арсим Љамалари погоди за водство на Силекс во 20-та минута, а седум минути потоа Филип Петров даде гол за Врадар за израмнување, па во завршницата црвено-црните имаа и дирек, но кога сите чекаа барем реми и бод, следуваше шок после противнападот и одличната реакција на Спиркоски за да ја погоди мрежата за победа.

Ова е прв пораз за  Вардар под водство на тренерот Никола Глигоров откако го презема кормилото по лошиот старт во сезоната. Вардар имаше серија од петте победи во низа.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар – Силекс 1-2, Кораб – Воска 1-1, Гостивар – Вешешта 1-1, Тетекс – Беса 2-1, Охрид – Кадино 3-1

Табела: Силекс 31 бод, Воска 22, Вардар 20, Кораб 15, Тетекс 14, Гостивар 13, Велешта 13, Охрид 10, Беса 9, Кадино 6.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:  Беласица – Братство 2:0, Победа – Кожуф 3:1, Детонит јуниор – Кит Го 1:0, Локомотива – Каменица Саса 0:0, Осогово – Слога Виница 3:0.

Табела: Победа 26 бода, Слога 25, Саса 21, Беласица 20, Кит Го 16, Детонит јуниор 13, Кожуф 12, осогово 11, Локомотива 5, Братство 4.

Треба да знаете
Последни објави