Search

СЗО го поздрави напредокот на потенцијалната вакцина на Фајзер и Бионтек

Светската здравствена организација (СЗО) го поздрави напредокот во пронаоѓањето на ефективна вакцина против коронавирус, нагласувајќи дека безбедните и ефективни вакцини се моќно средство во борбата против Ковид-19.

„СЗО го поздравува објавувањето на резултатите за ефективноста на кандидатот за вакцина Фајзер и Бионтек, особено за нејзината ефикасност кај постарата популација, што е најризично“, соопшти организацијата на Твитер.

СЗО посочува дека милијарди луѓе ќе имаат потреба од вакцина за да се запре пандемијата на Ковида-19.

„Потребни ни се неколку безбедни и ефикасни вакцини за да ги задоволиме потребите и да го смениме текот на пандемијата“, се вели во соопштението. Во него се истакнува дека „колку повеќе кандидати за вакцина се развиваат, толку се поголеми шансите за успех“.

Треба да знаете
Последни објави