Search

Се уште не е познато дали некој од функционерите ќе оди во изолација поради контакт со Спасовски

До овој момент во Владата се уште нема пристигнато информации од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е позитивен на коронавирус добиле решенија за домашна изолација.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на прес-конференцијата рече дека тие се очекуваат во текот на денот.

Министерот Спасовски пред два дена објави дека добил позитивен тест на коронавирус. Тој е вториот владин функционер после заменик-министерот на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман, кој на 18 овој месец објави дека е позитивен.

Треба да знаете
Последни објави