Search

Се судриле воз и комбе кај Радуша

На 22.10.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на  пругата помеѓу железничката станица  „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила незгода помеѓу патничкиот  воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило “форд транзит“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово. Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави