Search

Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала

Жена од Обединетите Арапски Емирати, која беше сериозно повредена во сообраќајна несреќа во 1991 година, по 27-годишна кома на чудесен начин се разбудила.

Мунира Абдула го зела својот син Омар од училиште, но во автомобилот со кој патувале се судрил со автобус  по то добила сериозни повреди на мозокот. Тогаш имала 32 години.

Омар Вебаир, кој тогаш имал четири години, седел со неа на задното седиште на автомобилот, но останал неповреден бидејќи мајка му го  држела во рацете и само го гушнала и прибрала цврсто кон себе за да го заштити. Мунира Абдула се освестила лани во една германска болница, а синот Омар одлучил за медиумите да проговори за напредокот на мајка си по една година од лекувањето.

– Ме прегрна за да ме заштити. Никогаш не се откажав од неа бидејќи секогаш имав чувство дека еден ден ќе се разбуди. Причината да ја раскаѓам приказната е за да им кажам на луѓето да не губт надеж за своите сакани и да не ги сметаат за мртви кога се во ваква состојба, вели Омар.
Откако неговата мајка била згрижена во локалната болница, таа била префрлена во Лондон, каде што докторите утврдиле дека паднала во кома. Несреќната Мунира останала во вегетативен состојба без реакција на околината и чувство на болка.

Подоцна е вратено во Ал Аин во ОАЕ каде со години ја одржувале во живот. Се хранела со цевче постојано била под физиотерапевтски третман за да се стимулираат слабите мускули поради недостаток на движење.
Пред две години, семејството доби поддршка од владата на Емирати за преместување на пациентката во Германија каде што била подложена на бројни операции поради грчеви на мускулите на рацете и на нозете и добивала лекарства за подобрување на состојбата, вклучувајќи ја и нејзината свесност.

Минатата година беше клучна за пресвртот. Имено, Омар, кој никогаш не се откажал од мајка си, гласно разговарал со докторите во нејзината болничка соба, што, изгледа, ја поттикнало Мунира  да се вознемири.

– Дојде до несогласување во болничка соба и таа веројатно почувствува дека сум во опасност, што предизвика промени во свеста.Почна да создава звуци, и иако докторите ми кажаа дека е тоа нормално, не прекинав да ги повикувам во собата да обрнат внимание и да ја прегледаат.Три дена подоцна заспав покрај неа во собата, а ме разбуди довикување на моето име. Тоа беше таа! Ме дозикуваше, а кога сфатив дека се освестила бев најсреќен човек во светот. Со години го чекав овој миг, а моето име беше првото нешто што го рече по 27 години во кома, изјави Омар.

Неколку месеци по будењето, Мунира Абдула може да чувствува болка како и да води кратки разговори. Се вратила во Абу Даби, каде што е подложена на физикална терапија и понатамошна рехабилитација – главно поради подобрување на седењето и спречување на грчење на мускулите.

Треба да знаете
Последни објави