Search

Се проверуваат знаењата на возачите за прва помош

 Црвен крст на Град Скопје во соработка со МВР – СВР Скопје денеска на четири локации во Скопје го проверува знаењето за прва помош на возачите при итни ситуации во случај на сообраќајни несреќи, кое, како што велат од Црвениот крст може да спаси животи. На четири локации ги сопираат возачите и бараат од нив да демонстрираат прва помош. Доколку знаат, возачите ќе добијат награда, а доколку не, ќе добијат информација за бесплатни курсеви преку кои можат да ги освежат своите знаења.

-Првата помош преставува вештина која секој социјално одговорен треба да ја има во својата агенда на живеење. Тие пет минути до доаѓањето на Брзата помош за повредениот значат цел живот, рече денеска Сузана Тунева Пауновска, генералниот секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

Тоа, додаде Тунева Пауновска, е една вештина која се однесува пред се на четири основни чекори кои треба да се знаат кога ќе се наиде на незгода, а тие се обезбедување на просторот, веднаш да се повика бројот на Брзата помош, ако повредениот има крварење да се сопре, и доколку е во бесознание да се сврти во странична положба.

-Денеска нашето одбележување е во рамки на кампањата „Твоето незнаење чини живот”, која започна на 15 јули и ке трае до крај на годината. По евалуација на сите настани ќе одлучиме дали следната ќе продолжиме бидејќи статистиката во изминатите два месеца покажа дека навистина возачите и оние кои треба да бидат возачи се заинтересирани да бидат социјално одговорни и да ја научат оваа вештина, рече таа во изјава за медиумите на една од клокациите каде се вршеше проверката.

Тунева Пауновска истакна дека вкупно се одржани 120 обуки, односно оти до крајот на месец август 4.500 лица ги обновиле знаењата по прва помош. Во септември, додаде, фокус ќе биде ставен на учениците во средните училишта како идни возачи.

Акцијата за проверка се организира по повод Светскиот ден на првата помош, 14 септември. Проверките се спроведуваат пред Порта „Македонија”, пред Трговскиот центар „Бисер”, „Сити мол”, како и на раскрсницата пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј.

Треба да знаете
Последни објави