Search

Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

За оваа диета се говори дека ги симнува килограмите како од шега и го чисти организмот од токсини.

Прв и втор ден

Доручек: 200 грама варена брокула со сол, 50 грама интегрален леб, една шоља црн чај без шеќер

Ручек: 250мл малце посоленa пилешкa супa, 150 грама варено пилешко и 100 гр варена брокула со сол

Вечера: 250 гр варена брокула со сол, една шоља црн чај без шеќер

Трети и четврти ден

Доручек: Варена брокула во маслиново масло, пиперка и лук. Во подлабока тава за пржење сипете малку маслиново масло, ставете 200 грама брокула, исецкано чешне лук, една исецкана пиперка и малку сол. Варете 20 минути поклопено на тивок оган.

Ручек: 50 грама туна и динстана брокула на маслиново масло со домат и кромид. Во подлабоката тава за пржење сипете малку масло.  Ставете 150 грама броколи, половина главица кромид со средна големина, два исецкани домати и малку сол. Варете 20-25 минути поклопено на тивок оган.

Вечера: исто како и доручек

Петти и шести ден

Доручек: Салата од брокула, чаша кисело млеко со низок процент на маснотии и варено говедско месо. Сварете 100 грама говедско месо, помешајте со 100 гр исецкана брокула и додадете две лажици кисело млеко со низок процент на масти и малку сол. Една чаша нискомаслен кефир ќе го комплетира оброкот.

Ручек: 200 грама малку варена брокула во солена вода и парче црн леб

Вечера: 150 грама варено говедско малку посолено и чаша кисело млеко со низок процент на масти

Седми и осми ден

Доручек: 100 грама варена брокула, две варени јајца, шоња црн чај без шеќер

Ручек: 150 грама варено пилешко и супа од брокули. Во 300мл пилешка супа, додадете 100 грама брокула, една китка магдонос и малку сол. Гответе на тивок оган 20 минути.

Вечера: две парчиња р’жан леб, 1 домат, 100 грама варена брокула, една чаша сок од домати

НЕ – Сепак не треба да претерате со конзумирање на храна богата со растителни влакна бидејќи во дебелото црево може да дојде до создавање на гасови, гадење, па дури и дијареа. Прекумерната конзумација на растителни влакна исто така може да влијае и на апсорпцијалната способност на некои минерали, како што се железо и цинк.

ДА – Диетата со брокули е одлична за детоксикација на организмот, и овој зеленчук особено се препорачува на пушачите. Брокулата е многу богата со растителни влакна кои создаваат чувство на ситост во телото бидејќи влакната апсорбираат многу вода. Зготвена брокула во 100 грама содржи 2,7 грама целулозни влакна. Овој зеленчук е најдобриот природен извор на фолна киселина кој е неопходен на жените, а пред сè бремените жени.

Треба да знаете
Последни објави