Search

Селска капела во Германија криела тајна: Пронајдени 37 ковчези, во нив имало деца…

Во германското село Дензен неодамна била откриена тајна стара повеќе од 100 години која што ја шокираше тамошната јавност.

Како што пренесуваат германските медиуми, во капела биле пронајдени 37 ковчези, а во нив, меѓу мртвите тела имало и четири деца.

Морничавата сцена ја открил човек кој што ја проучувал историјата на малите цркви во селските места ширум Германија. Тој ја открил капелата во Дензен која што била во рушевини, а околу градбата имало густа вегетација. Погледнал низ прозорот и останал без зборови.

„Едвај дојдов до капелата, морав да ги расчистам грмушките. На прозорите имаше решетки, а кога погледнав низ прозорот, за малку ќе се онесвестев од шок. Целата внатрешност на малата капела беше исполнета со ковчези со прашина и исушени венци. Со години ја проучувам историјата и староста на црквите, но никогаш не сум видел вакво нешто“, изјавил човекот за германските медиуми.

Првиот човек на Дензен, Ханс-Дитер Улман открил дека станува збор за мавзолеј на едно семејство. Последниот починат член на семејството бил сместен во ковчег во малата капела пред 60 години.

„Кон 70-тите години се разгледувала можноста сите ковчези со мртви тела да се закопаат на јавни гробишта, но се откажале од тоа поради трошоците. Во селото никој не сакал да се грижи за капелата, па набрзо сето тоа паднало во заборав“, изјави Улман за германските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави