Search

СДСМ: Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја блокираат иднината

СДСМ: Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја блокираат иднината

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја блокираат иднина и нема да ја вратат земјата во темното минато на изолација, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој побара Никола Димитров мора да си замине од Министерството за надворешни работи поради морална, професионална и политичка одговорност. 

„Нема поголемо урнисување на угледот на државата од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога Македонија беше заробена држава во длабока изолација, затворена и скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски свесно го закочи интегративниот процес, Македонија стана изолирана држава од која побегнаа стотици илјади граѓани, пред се млади“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Социјалдемократите додаваат дека денес кога успесите на Македонија се меѓународно признаени, кога Македонија е пред полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски свесно работи на поткопување на интегративниот процес.

„Анти НАТО и анти ЕУ Мицкоски, преку неосновани интерпелации, преку протести за одбрана на криминалот се обидуваат да го закочат реформскиот процес, да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО. Граѓаните се определија за економски напредок, за иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја блокираат иднината, нема да го закочат членството во ЕУ и НАТО“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави