Search

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ увезуваше сомнителни лекови и ја урна довербата на граѓаните во здравството

Лошото управување со здравството од страна на ВРМО-ДПМНЕ и паралелниот увоз на лекови со сoмнителен квалитет создаде недоверба кај граѓаните, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Маја Славева од опозициската партија која денеска пред Министерството за здравство кажадека СДСМ во опозиција обвинувале оти вакцинацијата е бизнис идеја, а сега набавуваат вакцини за над 10 милиони евра и се закануваат со казни за невакцинираните.

Од владејачката партија пак сметаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот партиски лидер, Христијан Мицкоски, треба да одговорат за чии интереси се набавувале лекови и инсулини од паралелен увоз со сомнителен квалитет и без сертификати во Македонија.

„Лошото управување со здравството, неквалитетните инсулини и лекови во Македонија кои ги внесуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ се најсилни причини што граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. Падот на опфатот на имунизација е директна последица од тоа“, сметаат од владејачката партија од каде додаваат дека веднаш штом ја презеле одговороноста да го водат здравството, го смениле законот за лекови и медицински средства.

„Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Во Македонија повеќе нема неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека уништувањето на здравството завршилo со заминувањето на ВРМО-ДПМНЕ во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави