Search

СДСМ:Предноста на Пендаровски е најава за сигурна победа во вториот круг

Во првиот круг од претседателски избори победи Стево Пендаровски. Тоа е јасен факт.Пендаровски има предност и повеќе гласови од Гордана Сиљановска. Тоа значи дека граѓаните во поголем број го поддржаа концептот за напредок а не за враќање назад, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ.

Според партијата, предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна и јасна победа и во вториот круг на 5 мај.

„ВМРО-ДПМНЕ можат да само охрабруваат и да прават весели математики колку сакаат, факт е дека ова не се ниту локални, ниту парламентарни избори,  туку избори за претседател каде во првиот круг води Стево Пендаровски.

Граѓаните покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку сакаат вистински претседател. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори во 2014 година. На 5 мај граѓаните масовно, во слободна, фер и демократска атмосфера ќе ја потврдат победата и ќе изберат да продолжат заедно напред кон развој, напредок и интеграција. Граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Сиљановска да ги повлечат назад во темното минато на изолација и неизвесност, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата”, се додава во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави