Search

Светот е соочен со најлоша криза од 1947 година, тврди директорот на СТО

Главниот директор на Светската трговска организација, Роберто Азеведо изјави дека слободната трговија во светот се соочува со „најлоша криза” од 1947 година и дека сегашниот протекционистички бран е закана за слободната трговија.

Азеведо сега е во Буенос Аирес каде што се одржува самитот Г-20, и во изјава за Би-Би-Си рече дека „ова е најлошата криза не за СТО туку за целиот мултилатерален трговски систем од Општиот договор за царини и трговија од 1947 година”.

– Ова е момент кога некои темелни начела на организацијата се оспоруваат и се доведуваат во прашање. Мислам дека тоа е многу сериозно, изјави Азеведо.

Според него, „начинот на комуникација” меѓу Кина и САД мора да се префрли од „заканувачки и обвинувачки во оној за изнаоѓање решенија”.

САД и СТО во моментот се во спор поради Телото за жалби што решава трговски спорови меѓу државите. САД блокира именување во тоа тело бидејќи ја преиспитува неговата улога, и тоа тело поради тоа едвај функционира.

Треба да знаете
Последни објави