Search

Русите му дадоа можност на Путин да владее до 2036 година

Мнозинството руски граѓани гласаа за измени во Уставот што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Сепак, еднонеделниот референдум, кој заврши денес, беше одбележан со бројни извештаи за притисок врз гласачи и други неправилности.

Со затворањето на повеќето избирачки места во државата и по преброени 20 проценти од областите, 72 проценти од гласачите се изјасниле за уставни измени, пренесе Централната изборна комисија.

За прв пат во Русија гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на избирачките места поради пандемијата на коронавирус.

До затворањето на гласачките места во Москва и повеќето други делови во западна Русија, вкупниот од одзив бил 65%, според официјалните лица задолжени за следење на референдумот.

Во некои региони, гласале дури 90 проценти од лицата со право на глас.

Треба да знаете
Последни објави