Search

Румер Вилис го искажува својот гнев откако несвесно била изложена на Ковид-19

На денот кога гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусм, предупреди дека државата се соочува со нов наплив на заразени со Ковид-19, Румер Вилис се огласи на Инстаграм за да открие дека не знаејќи била изложена на коронавирусот.

32-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур го изрази својот гнев затоа што  контактирала со некој  кој не ѝ кажал дека има симптоми и дека не носел маска на лицето.

„Повеќе не е за дискусија!“ напиша таа на својата инстаграм-приказна. „Не ми е гајле што сакате да направите за себе, но за другите носете проклета маска !“

„Не е толку тешко да се биде пристојно човечко суштество и да се заштитите себеси и другите.“

Треба да знаете
Последни објави