Search

Рондо: Дисциплината е она што го разликува Леброн од другите играчи

Плејмејкерот на новиот кошаркарски НБА првак Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо откри што го прави посебен неговиот соиграч Леброн Џејмс.

-Дисциплината е она што го разликува Леброн Џејмс од другите играчи. Секојдневна работа, рутина и огромно внимание што тој го посветува на своето тело. Тој го има најдобриот фитнес тренер.

Леброн совршено се подготви психички и физички. Никој не работи како што работи тој. А, неговиот коефициент на интелигенција е на сосема друго ниво, истакна Рондо во емисијата „First Take”.

Лејкерс предводени од Џејмс пред два дена станаа шампиони во НБА лигата по пауза од една деценија.

Треба да знаете
Последни објави