Search

Роналдо стана првиот играч кој постигнал 450 погодоци во најдобрите пет европски шампионати

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна два гола во натпреварот од второто коло на италијанскиот шампионат против Рома (2:2). Благодарение на ова, тој постави нов рекорд. Португалецот стана првиот фудбалер кој постигнал 450 погодоци во најдобрите пет европски шампионати.

Претходно, Роналдо играше во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед и во Шпанското првенство за Реал Мадрид.

Триесет и петгодишниот напаѓач оваа сезона одигра два натпревари за Јуве. Има три гола и една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави