Search

Роналдо му поставил услов на Јунајтед, спремен да замине

Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите.

Португалецот (37) неодамна изјави дека има намера да игра уште најмалку три години, но таблоидот „Сан“, тврди дека фудбалерот е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната.

„САН“, тврди дека покрај тоа што Португалецот бара да биде прашан за името на идниот тренер на Јунајтед, поставил и нов услов, порачал дека идната сезона ќе го носи дресот на клубот само ако екипата се пласира во Лигата на шампионите.

Јунајтед се седми во Премиер лигата. Од 20 одиграни натпревари собраа 32 бода,пет бода помалку од четвртопласираниот Вест Хем. Лидер со два натпревари повеќе и 56 бода е Манчестер сити.

Треба да знаете
Последни објави