Search

Родригез може да си оди од Реал за 25 милиони евра

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез на крајот на сезоната најверојатно ќе го смени клубот. Реал е подготвен да се раздели со 28-годишниот Колумбиец, кој може да стане слободен играч за една година.

Затоа, Реал Мадрид сака да го продаде играчот од средниот ред за околу 25 милиони евра, пренесува „Марка”. Само пред една година, Атлетико и Наполи понудија 45-50 милиони за Родригез, но кралскиот клуб одби.

Сега играчот за играчот се заинтересирани Манчестер јунајтед, Арсенал, Евертон и Вулверхемптон, кои се свесни дека Реал Мадрид е присилен да го пушти Хамес да си оди за „разумна” цена.

Доколку фудбалерот остане на „Сантијаго Бернабеу”, тогаш мадридскиот тим планира да преговара за намалување на платата со него. Во моментов, тој добива повеќе од седум милиони евра годишно.

Треба да знаете
Последни објави