Search

РК Вардар преговара со Сипжак

Камил Сипжак, играч на Барселона и полската ракометна репрезентција, се поврзува со трансфер во редовите на македонскиот шампион Вардар. Полјакот е незадоволен од минутите што ги добива оваа сезона од тренерот Чави Пасквали и наводно побарал трансфер.

Сипжак е еден од најдобрите европски пикери, но оваа сезона е во втор план во Барселона. Тренерот Пасквал на таа позиција го форсира францускиот двоец, Седрик Сораиндо и Лудовик Фабрегас.

„Имам понуди од многу страни. Имав разговори со клубови од Франција, Германија и од Македонија. Сакам повеќе да играм и ќе заминам таму каде што ќе имам голема минутажа“, изјавил за послките медиуми Сипжак по пријателскиот меч помеѓу Полска и Јапонија.

Сипжак има 27 години, висок е 207 сантиметри, а во кариерата играл и во Висла Плок.

Треба да знаете
Последни објави