Search

Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербоул“ во Аризона

Ријана ќе настапи на шоуто на полувремето на „Супербоул“ во февруари во Глендејл, Аризона, објави Националната фудбалска лига на САД (НФЛ) во неделата.

Добитничката на Греми од Барбадос го пополнува едно од најпосакуваните места во музичкиот календар на САД што го гледаат милиони телевизиски гледачи годишно. Претходни изведувачи на полувремето беа Мајкл Џексон, Принс, Бијонсе, Миси Елиот, Лејди Гага, „Ролинг стоунс“, Пол Макартни, Мадона, Брус Спрингстин и Ху.

Суперболот, најголемиот настан во американскиот фудбал, се одржува на стадионот „Стејт Фарм“ во Глендејл на 12 февруари.

Треба да знаете
Последни објави