Search

Рекорден број на новозаразени во Украина

Украина регистрира рекордни 15.331 нов случај на Ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Претходно, најголемиот број новозаразени беше потврден на 21 ноември кога изнесуваше 14.580.

Степанов рече дека од почетокот на пандемијата, во Украина се потврдени вкупно 677.189 случаи на коронавирус и оти починале 11.717 лица.

Треба да знаете
Последни објави