Search

Регионот поставува црни рекорди со заразени од коронавирусот

Ширењето на коронавирусот во земјите од регионов бележи црни рекорди катадневно.

Хрватска собори рекорд со позитивни тестови од 1.131лице. Бројот на активни случаји во земјата сега изнесува 4.233, соопшти Штабот за цивилна заштита во земјата. Според хрватските стручњаци ако бројката од 1.000 заразени опстојува во наредните десет дена ќе биде доведено во прашање функционирањето на здравствениот систем во земјата.

Словенија во последните 24 часа евидентира 834 заразени лица од коронавирусот, а четири пациенти починале.  Тестирани биле 5.126 пациенти, а според сатистичките податоци од вирусот се заболени 257,21 граѓанин на 100.000 жители.

Босна и Херцеговина  преброја денеска 621 позитивен тест, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Починале оум лица, а тестирани биле 2.475.

Бугарија изминатиов ден има 914 нови случаи на заразени од коронавирусот. И во оваа земја бројката е највисока од почетокот на пандемијата. Со ова е надмината вчерашниот рекорд кога за првпат беше надмината бројката од 800 новозаразени лица. Починати се 15 лица. Активни случаии во земјата има 9.885.

 

 

Треба да знаете
Последни објави