Search

Ребел Вилсон со новото момче на црвен тепих на гламурозна гала во Монако

Актерката Ребел Вилсон и нејзиниот партнер Џејкоб Буш за првпат се појавија заедно на црвен тепих во средата, нејзино прво излегувње во јавност откако ослабе повеќе од 18 килограми.

Тие присуствуваа на Гала вечер на планетарно здравје, во организација на принцот Алберт од Монако. 40-годишната актерка и 29-годишниот наследник на пиварницата „Анхојзер-Буш“ изгледаа среќно вљубени додека стоеа фатени подрака.

Звездата се чини горда на својот нов изглед по неверојатното слабеење, желна да го врати холивудскиот сјај.

Таа неодамна најави дека ќе води војна со килограмите, а за тоа колку сериозно го сфатила ова, говори податокот дека досега изгубила 18 килограми. Вежба со личен тренер, Џоно Кастано, кој постојано објавува фотографии за нејзиниот напредок.

Треба да знаете
Последни објави