Search

Раул Гонзалез останува тренер на ПСЖ до 2025 година

Тренерот кој му ја донесе првата европска титула на Вардар, Раул Гонзалес ја продолжи соработката со ПСЖ откако стави потпис на договор со трајност до јуни 2025 година.

Раул Гонзалес во ПСЖ се пресели во јуни 2018 година, а доколку до крај го одработи новиот договор, таму ќе биде цели седум години.

„Гордост ми е што можам да ја продолжам рабоатата што ја почнав во 2018 година и што ќе можам да имам влијание на иднината на клубот уште две сезони. Мојата амбиција е нашиот тим да настапува на највисоко национално и континентално ниво, да имаме одлични моменти со навивачите и да го збогатам нашиот рекорд на достигнувања“, изјави Раул Гонзалес откако го потпиша новиот договор.

До сега со екипата на ПСЖ четири пати се закити со титулата шампион на Франција од 2019 до 2022 година.

ПСЖ и сезонава е меѓу кандидатите за пехарот во ЛШ, моментно по 10 кола во групата „А“ се наоѓа на првото место со 16 бодови, колку што има и второпласираниот Веспрем.

Треба да знаете
Последни објави