Search

Расте предноста на Бајден пред Трамп

Американските избори штотуку влегуваат во последниот круг, а водството на демократскиот кандидат Џо Бајден пред претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) и републиканскиот кандидат Доналд Трамп се зголеми на рекордни 17 поени.

Според последните резултати, дури 57 проценти од гласачите го заокружиле Бајден на своите гласачки ливчиња, додека 40 проценти од Американците гласале за Трамп, пишува „Гардијан“.

Од септември, Бајден добил уште 4 проценти од гласачите кои претходно се изјасниле како неодлучни. Покрај тоа, анкетите покажувале дека двајца од тројца гласачи кои во 2016 година гласале за Трамп, сега одлучиле да го поддржат Бајден поради фактот што актуелниот претседател лошо се справил со пандемијата на коронавирус.

Според некои испитувања, дури 47 проценти од поранешните гласачи на Трамп се откажуваат од него затоа што не се задоволни со неговото однесување и изјави.

Денот на изборите во САД ќе се одржи за три недели – на 3 ноември 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави