Search

Раиконен е за построги казни во Ф1

Кими Раиконен верува дека построгите казни за големи инциденти во Ф1 ќе ги сопрат пилотите да прават „глупости”. „Ледениот” е на мислење дека правилата се премногу релативни и не носат вистински резултат.

– Сѐ е многу релативно и измешано, па не може да се зборува за строги мерки. Ако тие се бескомпромисни за вистинските работи, тогаш тие нема да мора да се справуваат со многу други ситници, изјави Финецот пред „Аутоспорт”.
ФИА постојано се обидува да ја смени работата на стјуардите за да се обиде подобро да се справи со пројавата на лошо возење. Меѓу мерките се вклучување на поранешни пилоти во составот на службените лица, како што беше во 2010, или пак новиот систем од казнени поени за натпреварувачите, со кој се цели намалување на грешки.
– Ако си доволно решителен да прекинеш дадена глупост, која се случува во моментов, мислам дека ќе се избегне потребата од мали казни тука-таму, кои се без сериозна основа. Понекогаш причината е сериозна, друг пат не толку. Ако си навистина строг кон главните проблеми, тогаш целата слика ќе се промени. Никој нема да прави глупости. Не е потребно да даваш секој пат 5 или 10 секунди за ситници. Тоа изгледа сурово, но не е нужно сурово во вистинската ситуација”, заклучи Раиконен.
Треба да знаете
Последни објави