Search

Работнички ги штелува „нишанските справи“ за Вардар

Работнички брзо се рехабилитираше по неочекуваниот шок на стартот од новата сезона кој им го приреди новакот Струга Трим Лум (2:1). Во второто неефикасно коло, во кое на петте средби беа псотигнати вкупно 6 голови, Работнички ја забележа најубедливата победа, против должникот од мината сезона градскиот ривал Шкупи (2:0) кој им ја зеде европската виза во последното коло од мината сезона. Рекомпонираниот тим на Работнички предовден од новиот стратег Александар Влахо ја подобри реализицијата и ги освои бодовите од дуелот со чаирчани. „Романтичарите“ со многу поголема самодоверба ги очкуваат наредните предизвици. В среда ќе имаат ново загревање со Велазерими на гости во рамките од Купот на Македонија, на кој ќе треба да ги потврдат своите реализаторски способности и со „наштелувани нишански справи“  да го дочекаат дуелот со лутиот ривал, соседот Вардар во 3. коло од првенството. За разлика од Работнички, Вардар по две одиграни кола нема постигнато гол.

– Задоволен сум и од играта и од резултатот. Фудбалерите ги исполнија во целост тактичките задачи кои ги договоривме пред дуелот со Шкупи. Победивме квалитетен тим, а значително на овој меч ја подобривме реализацијата, она што ни недостигаше на премиерата против Струга Трим Лум. Сега не очекува нова обврска, куп – натпревар против Велазерими в среда. Верувам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри, вели Влахо.

.

Треба да знаете
Последни објави