Search

Работилница за здрава храна во ОУ„ Ацо Шопов“: Градоначалникот на Бутел облече престилка

Во ОУ „Ацо Шопов“ во населбата Радишани вчера се одржа новогодишна работилница за здрава храна, на која учествуваше и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски.

Заедно со учениците од Средното угостителско училиште, градоначалникот Смилевски даде свој придонес во подготовката на најразновидни здрави јадења и напитоци кои послужија како прекрасен декор на предновогодишната училишна трпеза.

Како што истакна Смилевски, Општина Бутел секогаш ќе ги поддржува ваквите активности кои ги едуцираат децата што е здраво и како да стекнуваат здрави навики. Работилницата се одржа првенствено со цел да се поучат најмладите на здрава исхрана која е особено важна за нивниот раст и развој, а сето тоа беше поткрепено од едукативното предавање на нутриционистот Надица Илиевска.

Покрај активностите за здравата храна во училиштето беше одбележана и 95 годишнината од раѓањето на поетот и патрон на училиштето Ацо Шопов.

Треба да знаете
Последни објави