Search

Пуштена од притвор приведената новинарката во Нови Сад

Новинарката Ана Лалиќ која синоќа била приведена во Нови Сад и на која по налог на обвинител и била одредена мерка од 48 часа задржување во притвор е пуштена, неофицијално дознава РТС.

Лалиќ е приведена откако нејзиниот портал „нова.рс“ објавил текст за проблемите со заштитната опрема на Клиничкиот центар Војводина. Во својот текст навела дека зрдавствените работници се без соодветна заштита за работа во вакви услови на пандемија од коронавирусот.

Тоа КЦВ го демантирала и поднела пријава за ширење на паника меѓу населението.

Според направениот попис на залихи во КЦ Војводина на дена 2 април 2020 година имало 6.210 заштитни маски, 14.502 ФФП2 маски како и 254.450 заштитни ракавици, 68.040 навлаки за обувките, 726 визири, 2.150 заштитни одела…

 

Треба да знаете
Последни објави