Search

Пушењето цигари е поопасно за жените отколку за мажите

Резултатите од нова студија покажуваат дека младите жени пушачи се изложени на значително повисок ризик од инфаркт отколку мажите, особено оние помлади од 50 години.

 

Пушењето цигари е еден од најголемите ризик фактори за срцеви заболувања, а токму тие се најчеста причина за смрт кај мажите и жените. Истражувањето за податоци на 3.343 случаи на акутен инфаркт во периодот меѓу 2009 година и 2014 година покажува дека ризикот кај жените е уште поголем отколку кај мажите.

Највисок е ризикот кај мажите и жените на возраст меѓу 18 и 49 години, но кај жените пушачи ризикот од инфаркт е 13 пати поголем отколку кај непушачите. Само за споредба, кај младите мажи пушачи ризикот е поголем за 8,6 пати отколку кај непушачите.

Научниците сметаат дека е можно толку зголемениот ризик кај жените да постои затоа што пушењето го намалува нивото на естроген, кој инаку штити од срцеви болести. Исто така, мажите имаат поголеми коронарни артерии од жените, што значи дека хроничното воспаление предизвикано од пушење помалку влијае на нив.

Добрата вест е што ризикот од инфаркт кај мажите и кај жените може да се врати на ниво на ризик кај непушачи за само четири недели по престанувањето на пушење цигари.

Треба да знаете
Последни објави