Search

Пукање во „Александар Палас“

Непознати лица ноќеска ги изрешетале вратите на хотелот „Александар Палас“.
Од МВР го потврдуваат инцидентот, кој се случил околу 3 часот.

Тогаш кон влезната врата биле испукани седум или осум проектили. При тоа биле искршени стаклата, и оштетена фасадата, но нема повредени.

Напаѓачите најверојатно биле во автомобил со кој избегале.
Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Фото:Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави