Search

Промоција на можностите од Програмата за прекугранична соработка со Албанија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој престојува во официјална посета на Албанија оствари средба со со заменик-министерот за Европа и надворешни работи, Сокол Деџа со кого разговарале за тековната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на Програмата за прекугранична соработка.

-Министерот Фазлиу и заменик министерот министерот Дедја се согласија да ги поддржат оперативните структури на двете земји со цел да се забрза реализацијата на активностите предвидени во оваа Програма. Посебен акцент беше ставен на активностите предвидени за спроведување на стратешки проект кој ќе се спроведува преку оваа Програма во прекуграничниот регион. Тие нагласија дека потребно е да се реагира во многу кратки рокови и оти координацијата и комуникацијата помеѓу оперативните структури на двете земји е повеќе од неопходна, соопшти Министерството за локална самоуправа.

  • Во наредниот период, двете министерства во тесна соработка ќе спроведат серија промотивни активности за афирмација на Програмата за прекугранична соработка како и информативни активности со цел информирање на јавноста со можностите за финансирање на стратешки проекти.
Треба да знаете
Последни објави