Search

Продолжуваат воздушните напади на Тиграј

Владините сили на Етиопија четврти пат оваа недела извршија воздушен напад врз главниот град на северниот регион Тиграј, соопшти Тиграјскиот народноослободителен фронт (ТПЛФ).

Портпаролот на ТПЛФ, Гетачев Реда потврди дека е извршен воздушен напад, нагласувајќи дека подоцна ќе соопшти повеќе детали.

Локалните медиуми објавија дека цел на владините сили бил центарот за обука на борците на ТПЛФ во главниот град Мекеле.

Безбедносните сили го нападнаа Мекеле оваа недела во понеделникот, средата и вчера.

Илјадници луѓе загинаа, а повеќе од два милиона луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради судирите меѓу федералните трупи и ТПЛФ кои избија пред речиси една година.

Треба да знаете
Последни објави