Search

Претседателот на Интер: Средбата со Конте беше драматизирана од медиумите

Претседателот на Интер, Стивен Жанг изјави дека неодамнешната средба меѓу него и Антонио Конте била непотребно драматизирана од медиумите, а исто така негираше дека „нероазурите” покажале интерес за суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

– Нашата трансфер стратегија? Фудбалот доживува многу деликатен и бурен момент на меѓународно ниво. Овој став на претпазливост не само што ќе влијае на тековниот преоден рок, туку исто така мора да се почитува во иднина. Тоа е дел од пораката за постојаност во финансиски здрав проект. Сите ние во Интер се стремиме кон победа, оваа амбиција е дел од нашата мисија, изјави Кинезот.

За актуелниот тренер Конте, вели дека никогаш не видел некој да работи со таков интензитет.

– Оваа одлика исто така нè поврзува, како и вниманието кон деталите. Следам принцип – чувство на вклученост. Кога вработувам професионалец, зборувам воопшто за секој вработен во Интер кој има многу специфична улога, имам намера да работам со оваа жена или со овој маж доживотно. Дозволете ми да ви кажам дека тонот на мојата средба со Конте беше драматизиран. Беше потребно да се размисли. Видов мирен и конструктивен тренер, со многу поинакво расположение од она што беше објавено во медиумите. Кога ќе седне на маса, тој ги презентира своите идеи на мирен начин, завршувајќи ги неговите предлози за доброто на тимот и клубот. Така помина состанокот со него и управата на Интер, вели шефот на „црно-сините”.

Треба да знаете
Последни објави