Search

Претпразнична диета: Изгубете 5 килограми за една недела

Ни претстојат новогодишните и божикните празници и сакаме да ги дочекаме во топ форма и да изгледаме одлично.

Иако здравиот начин на живот, што подразбира редовна здрава исхрана и физичка активност, треба да биде усвоен и да се применува секојдневно, ако изминатиов период сте ставиле некој килограм повеќе, има начин да го симнете тој вишок килограми  за краток веременски период.

Треба да имате на ум дека оваа диета не треба да биде редовен начин на исхрана и како и сите други строги режими на исхрана не треба да ја применувате често.

Диетата ја има составено нутриционист, консултант и блогер за здравје.

Идејата му била да состави режим на исхрана со кој нема да се изгладнува, а се внесуваат витамини и хранливи состојки.

Следете го овој план на исхрана и ќе изгубите 2,5 до 5 килограми за една недела. Не само што ќе изгубите неколку килограми, туку овој план на исхрана ќе ви помогне да го прочистите организмот, да го подобрите варењето и да ја исчистите кожата.

Ден 1: Јадете само овошје со мал процент на шеќер. Бананите се забранети! Изберете јаболка, калинки, портокали, лимони, мандарини, клементини… испијте 12 чаши вода.

Ден 2: Јадете само зеленчук. Почнете го денот со варен компир. Јадете какви било салати со зеленчук, без месо, сирење, тестенини и сосови. Испијте 12 чаши вода.

Ден 3: Третиот ден може да јадете и овошје и зеленчук, без банани и без компир. Испијте 12 чаши вода.

Ден 4: Изедете осум банани во текот на денот. Направете и изедете домашна супа со зеленчук. Напијте се три чаши млеко и 12 чаши вода.

Ден 5: Изедете шест мали домати и една порција варен ориз. Може да јадете супа со зеленчук, јаболка, портокали и грејпфрут. Напијте се најмалку 10 чаши вода.

Ден 6: Изедете една порција ориз. Може да јадете супа со зеленчук три пати, напијте се најмалку 12 чаши вода.

Ден 7: Изедете една порција ориз. Може да јадете супа од зеленчук и салата со зеленчук. Напијте се најмалку 10 чаши вода, и по желба природен овошен сок.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави