Search

Премиер лига ќе нема ниту во мај

Раководството на Премиер лигата соопшти дека натпреварувањето нема да продолжи ниту во мај. На вонредниот состанок денеска, на кој беше разгледана актуелната состојба и прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирус, е заклучено дека здравјето на луѓето е приоритет, а фудбалските услови ќе продолжат што се добијат услови.
Поради прекинот на Премиер лигата, англиските фудбалски клубови бележат големи финансиски загуби, а како одговор на тоа се најавите за понуди на договори за играчите со 30 отсто помали плати.Договорено е да се формира и фонд од 125 милиони фунти за помош на оние тимови кои подлабоко ќе западнат во криза.
Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирус на 11 март оваа година.
Треба да знаете
Последни објави