Search

Премиерот Заев на увид на работните активности на патот Крива Паланка – Деве Баир

Ве известуваме дека денеска, 26.11.2020 (четврток) со почеток во 11:30 часот, премиерот Зоран Заев заедно со заменикот на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, ќе направат увид на работните активности на патот Крива Паланка – Деве Баир.

По увидот на работните активности се предвидени изјави за медиумите.

Локација: Еден километар од граничниот премин со Бугарија, https://goo.gl/maps/FA8KTzuz5QB7de9bA

Го покануваме вашиот медиум да ги проследи изјавите почитувајќи ги протоколите за спречување и заштита од коронавирусот, носејќи заштитни маски и одржување на растојание.

Треба да знаете
Последни објави