Search

Преживеал сообраќајка на мотор, а од скршената коска направил нож

Словенија преживеа сериозна сообраќајна несреќа, а потоа направи сечилото од неговата коска

Многу корисници нa социјалните мрежа не го криеа восхитот кон момчето кое не се откажа од својата борба за живот. Словенецот Морено Скварча преживеал сериозна сообраќајна несреќа на мотор. По несреќаѕа, неговата тибија (масивната коска на потколеницата) била целосно уништена и му недостигале речиси 30 сантиметри од коската поради што лекарите му кажале дека веројатно повеќе нема да може да оди.

Сепак, она што го одвојува од оние кои западнале во слична ситуација се челичната волја и желбата повторно нормално да оди, како и да се продолжи со нормалниот живот.

По долгото закрепнување и рехабилитација, тој повторно застана на свои нозе, а како сеќавање на несреќата, решил да нарача нож со специјално дизајнирана рачка која требало да биде изработена од делови, од сега веќе „вишокот” од неговата потколенична коска.

Со оваа идеја тој дошол кај Ленарт Перк, чија компанија Емберборн рачно изработува ножеви, и која ја спровела во дело. На барање на Морено, на ножот била врежана реченицата „Животот не е сладок колач”.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.754775984945347&type=3

Треба да знаете
Последни објави