Search

Прв истополов брак во британското кралско семејство

После венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, наскоро ќе се одржи и големата венчавка помеѓу принцезата Евгенија и Џек Бруксбенк. А покрај нив, Лорд Ивар Моунтбатен, роднина на кралицата Елизабета, на вечна љубов ќе се заколне со својот партнер Џејмс Којл, што всушност ќе биде првиот истополов брак во британското кралско семејство.

 

Иако и тие не сакаа да го откријат точниот датум на венчавката, Ивар и Џејмс за британските медиуми потврдија дека големата свадба ќе биде организирана кон крајот на летото.

Роднината на кралицата Елизабета, Ивар Моунтбатен, одлучи до олтарот да го однесе поранешната сопруга Пени, со која помина 16 години во брак и со која има три ќерки.

„Навистина сакав ова да го направам, посебно поради Џејмс, кој се уште нема стапено во брак. За мене бракот не е важен, бидејќи веќе бев во еден во кој добив прекрасни ќерки, а на овој брак инсистирам бидејќи сметам дека тоа е многу важно за Џејмс. Тој немаше стабилен живот како мене и затоа сакам тоа да му го дозволам“, изјави Ивар.

Своите ветувања еден кон друг ќе ги дадат на приватен имот во Девон, а медиумите пишуваат дека ќерките на Ивар се пресреќни поради венчавката на својот татко.

Треба да знаете
Последни објави