Search

По Ганиу и Георгиевски позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус дознава 24 Инфо, откако претходно вечерва информиравме дека тој бил примен на Инфективната клиника, но немаше потврден позитивен тест на коронавирус.

Според наши информации, Георгиевски пред неколку дена имал проблеми со бубрезите, но денеска бил примен на Инфективна клиника. Таму му биле направени сите прегледи, а поради наодот од рентгенот на белите дробови е задржан на лекување. Направен му бил тест, кој, сепак се покажал позитивен на Ковид-19.

Георгиевски е вториот градоначалник од скопските општини позитивен на Ковид 19.

Во самоизолација повеќе од една недела е Висар Ганиу, првиот човек на Општина Чаир, која според моменталната статистика има 235 активни случаи на Ковид 19, ии повеќе за 33 од Куманово. Во Гази Баба, пак, има 89 активни случаи, еден повеќе од Бутел, и два од Аеродром и Центар.

Треба да знаете
Последни објави