Search

Почнува спроведувањето проект за поставување специјални садови за одлагање отпад од заштитна опрема – маски и ракавици

Меморандум за соработка денеска ќе потпишат Центарот за еколошка демократија „Флорозон” и ЈП Комунална хигиена за заедничко реализирање на проектот „Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија”, финансиски поддржан преку одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата.

Целта на проектот, како што информираат од ЈП Комунална хигиена, е да се придонесе во борбата против ширењето на коронавирусот преку соодветно одлагање на тн. Ковид -19 отпад и ублажувањето на последиците од пандемијата врз граѓаните, со посебен акцент на најранливите општествени групи.

Во рамки на проектот на 75 локации во државава ќе бидат поставени специјални садови за одлагање отпад од заштитна опрема – маски и ракавици.

Треба да знаете
Последни објави