Search

Почна отсранувањето на импровизираниот камп за мигранти во Велика Кладуша

Почна отстранувањето на импровизираниот камп за мигранти во босанскиот град Велика Кладуша, во близина на границата со Хрватска, кој ќе биде затворен и отстранет, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

– Условите во кампот се навистина лоши, а доаѓаат и уште постудени денови, вели шефот на операцијата на ИОМ за Босна. Тој додаде дека на мигрантите им било понудено да се преселат во бегалски центар, некои одбиле, но други ги прифатиле.

Импровизираниот камп беше поставен од страна на општинските власти во средината на мај и во него беа сместени мигранти, кои претходно се наоѓаа во Градскиот парк во центарот на Велика Кладуша.

Кампот во Велика Кладуша, северозападна Босна, е оддалечен околу еден километар од строго чуваната граница на членката на ЕУ, Хрватска. Десетици мигранти поминаа таму денови и ноќи со надеж дека ќе ја преминат границата, ќе влезат во Хрватска, а потоа ќе одат во побогатите европски земји.

Треба да знаете
Последни објави