Skip to main content
Филм

Почина уште една актерка од популарната серија “Пријатели”

29/10/2024  21:43

Легендарната актерка Тери Гар, која беше номинирана за Оскар за улогата во филмот „Тутси“, почина на 79-годишна возраст.

Таа е позната и по нејзините улоги во филмовите Младиот Франкенштајн, „Блиски средби од трет вид“, но и како мајката на Фиби во легендарниот ситком „Пријатели“.

Актерката почина во Лос Анџелес по долга борба со мултиплекс склероза.

Ѕвездата во 2002 година откри дека има хронична болест која ѝ го оштетува централниот нервен систем. Години подоцна, таа доживеа руптура на аневризма во 2006 година.