Search

Почина манекенката и актерка Ким Портер

Почина манекенката и актерка Ким Портер

Манекенката и актерка Ким Портер, позната и како поранешна девојка на раперот Пи Диди и мајка на неговите три деца, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес, јави Си-ен-ен.

Смртта на актерката ја потврди и портпаролката на раперот, Синди Бергер, која замоли да се почитува приватноста на семејството во овие тешки времиња за нив.

Според неофицијални информации, Портер неколку седмици боледувала од симптоми слични на настинка.

Официјалната причина за смртта на актерката и манекенка сè уште не е позната.

Треба да знаете
Последни објави