Search

Почина Алберт Удерцо, легендарниот уметник зад стриповите „Астерикс и Обеликс“

Кокреаторот на стрипот „Авантурите на Астерикс“, Алберт Удерцо, почина на 92-годишна возраст, објави неговото семејство, пренесува РТ.Удерцо починал на спиење од срцев удар по неколку недели слабост, но неговата смрт не е поврзаната со епидемијата на коронавирус, вели неговиот зет.

„Астерикс“ е иконска француска серија стрипови фокусирана на античките Гали кои ѝ се противставуваат на воената машинерија на Римската Империја – со малку магија и многу хумор и креативност. Првиот стрип е објавена во 1959 година, креиран од Удерцо во соработка со колегата писател Рене Гошини.

Со околу 380 милиони продадени примероци на повеќе од 100 јазици и низа анимација и играни филмови произведени со текот на годините, Астерикс стана една од најпознатите меѓународно признати француски културни феномени.

Друг негов придонес во светот на стриповите е ликот Омпа-па Црвенокожецот, кој исто така беше создаден во соработка со Гошини и беше објавуван неколку години во магазинот „Тинтин“. Удерцо, исто така, го создаде стрипот „Авантурите на Тангуи и Лавердур“ со белгискиот писател Жан-Мишел Шарлие – серија за борбените пилоти на француските Воздухопловни сили.

Син на италијанските имигранти, Удерцо почнал да скицира во детството. Неговата sвездена кариера во стрип индустријата ја прави уште поимпресивна фактот дека тој беше далтонист.

Неговата соработка со Гошини беше прекината со смртта на неговиот соработник во 1977 година. Удерцо почна да се повлекува од својата работа во 2009 година од здравствени причини, по што писателот Жан-Ив Фери и уметникот Дидие Конрад  станаа главните автори на серијата „Астерикс“ во 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави