Search

Потпретседателот Коста Петров ја предводеше делегација на СДСМ која учествуваше на марш по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

По повод , 11 Октомври „Денот на народното востание”  во Прилеп партиска делегација предводена од потпретседателот на СДСМ Коста Петров, придружуван од претседавачот на ЦО на СДСМ ,Соња Карапец и претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески оддадоа  почит и  положија  свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред  споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените.

Делегацијата учествуваше и на маршот во чест на паднатите борци од Участокот до Паркот на револуцијата.

Нека е честит и вековит Денот на народното востание, 11 октомври!

Треба да знаете
Последни објави