Search

Последните патници на завршницата во Лисабон ќе бидат познати утре

Манчестер сити и Лион им се придружија на веќе пласираните за завршниот турнир во Лисабон, Лајпциг, Атлетико Мадрид, Аталанта и ПСЖ.. Последните две екипи кои ќе играат на принудната турнирска – завршница поради пандемијата со коронавирусот ќе бидат познати утревечер по одигрувањето на мечевите: Барселона – Наполи (1:1 прв натпреавр) и Баерн – Челзи (3:0 прв натпревар).

Ф8 завршницата во ЛШ во Лисабон ќе се игра од 12 до 23 август. Финалето е закажано за 23 август на стадионот на Бенфика.

Четвртфинални двојки:

Манчестер сити – Лион

Лајпциг – Атлетико Мадрид

Аталанта – ПСЖ

Барселона/Наполи – Баерн/Челзи.

 

Треба да знаете
Последни објави