Search

Поскапуваат картите за ски лифтовите во Банско

Валентина Ангеловска

Македонците кои традиционално одат на зимување во Банско годинава треба добро да го одврзат кесето. Цените на ски картите најверојатно ќе се зголемат за 20 до 30 отсто. Причина за тоа е новиот договор кој треба да се потпише со десегашниот концесионер „Јулен“. Најавата за повисоки цени на ски картите доаѓа откако бугарскиот министер Нено Димов објави дека мора да се потпише нов договор со концесионерот.

Договорот е истечен и пред сезоната мора да се потпише нов. Новиот договор мора да ги прецизира условите кои мора да ги исполнува „Јулен“ за да ги користи и стопанисува ски лифтовите. Со промните во договорот за концесија ќе има и промена на киријата која ја плаќа фирмата кон државата. Очекуваме и помена на цената која ќе ја плаќаат скијачите- вели Димов.

Освен зголемување на цените на концесијата Димов објави во новиот догвор мора да се прецизират и одговорностите на фирмата и пеналите кои ќе ги плаќа ако не го испочитува договорот.

Од Министерството за туризам на Бугарија велат дека годинава очекуваат многу повеќе туристи за раазлика од лани.

– Ова значи дека редовите на ски лифтовите ќе бидат уште подолги. Каакви услови ќе понуди концесионерот ќе видиме- велат во бугарското министерство за туризам.

Повисоките цени доаѓаат како логична последица откако државата најави построги услови за концесионерот во „Банско“.

Бугарските медиуми пишуваат дека годинава очекуваат наезда на туристи од Македонија. Освен од Македонците, сопствениците на хотели во Банско, Боровец и во Пампорово се надеваат дека ќе тријат раце и од зголемените посети на туристи од Грција и Романија. Првичните процени на туристичките работници во Бугарија се дека зимава ќе имаат 10 отсто повеќе странски туристи од минатата година кога во топ-сезоната најмногубројни посетители на скијачките центри беа гости од Романија, Грција, Турција, Германија, Русија и од Македонија. Оптимистичките процени се должат на направените резервации за скијачката сезона, особено со рани резервации уште од септември, како и на се поголемиот интерес за зимување во Бугарија за време на божикните и новогодишните празници.

Причината за тоа што македонските граѓани се повеќе заинтересирани за зимување во Бугарија отколку во соседна Србија се пониските цени на аранжманите.

– Главно граѓаните се интересираат за Банско, но и за Боровец. Цените се слични како минатата година, а и интересот е горе-долу ист како лани- велатво туристичките агенции.

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави